Андреј Пејиќ, андроген модел со потекло од Босна и Херцеговина, признава воразговорот за магазинот “Грација” требало да гладува за да изгледа како девојка. Неговите нежни црти на лицето и долгата коса не му биле доволни, тој сакал и женска линија, но тврди дека не сака да биде девојка во секоја смисла на зборот, туку само така да се облекува.
“Да бидеме реални. Не можете да јадете се ако се занимавате со оваа работа. За да можам на пистата да носам и женска колекција морав да бидам дисциплиниран. Морав димензиите на половината да ги намалам на 60 сантиметри, а обемот на колковите на 88 сантиметри”, вели Пејиќ. Тој истакнува дека успева да биде дисциплиниран и да ја одржува линијата.
За магазинот зборувал и за своите колешки, за кои не е сигурен како размислуваат за него.
“Не знам што мислат за мене, сепак тие ми се конкуренција”, истакнува Андреј.
“Ми се допаѓа чувството кога носам фустан на себе , тоа за мене е потполно природно. Но не сакам да бидам жена, само така да се облекувам”.