Бриџит Јордан (22) е прогласена за најмалата жена на светот и е запишана во Гинисовата книга на рекорди.
Бриџит е висока само 69 см. Таа живее во Сандовал, Илиноис со својот брат Бред (20), кој е висок само 96,5 см. Тој рекреативно се занимава со кошарка, карате и гимнастика, а Бриџит многу време поминува на танцување.
“Убаво е да се биде низок. Таквите луѓе би требало да имаат повеќе самодоверба.”
“Луѓето наскоро ќе сфатат дека е во ред да бидеш различен”, додава нејзиниот брат Бред.
Бриџит и Бред живеат со своите родители во Сандовал и студираат на колеџ.
Бриџит го превзема рекордот од Елиф Коцаман од Турција, која е висока 72,6 см. Додека местото на најниска тинејџерка на светот сеуште е Џоти Амге (17) од Индија. Таа е висока само 61, 95 см.
Бриџит и Бред се запишани во Гинисовата книга на рекорди.