Осуденици од затворот, во близина на бразилскиот град Белена, фатиле девојче(14) кое прво го истепале, а потоа го одвеле во затворот и четири дена го силувале, пренесува АП. Девојчето во саботата навечер успеало да избега и да пријави во полициска станица.
Наводно уште две други тинејџерки предходно биле доведени во затворот, поради што управителот и 18 вработени добиле отказни решенија, а полицијата започнала истрага. Државните власти најавиле дека ќе изградат ѕид околу затворот за да се зајакне безбедноста. Затворот е од полу-отворен тип и затворениците можат слободно да шетаат надвор, пишува Daily Mail. Началникот на полицијата на Фабијано Амазонас верува дека некој ја довел девојката во затворот за да ја проституира.
– Девојката на полицијата им кажала дека била силувана од страна на неколку затвореници, но сепак успеала да избега, изјавил Амазонас.
Ова не е прв случај на злоупотреба на девојчиња во бразилските затвори. Во 2007 година, 15 годишно девојче било силувано во затворот Абаететуби. Девојчето исто така било принудено на секс во замена за храна.