Еден од членовите на американскиот Х Фактор, Пола Абдул е толку барана во Америка што често ѝ се случува во еден ден да биде повикана на неколку гостувања на телевизија.
Некогаш мега популарната пејачка сега е повеќе позната како член на Х Фактор и поради таа улога можеме да ја видиме постојано како гостува на познатите ТВ емисии каде со драга волја се појавува.
Дека нема ништо против позирањето пред фотоапаратите, Пола Абдул (49) покажа и пред Ед Суливан Театарот во Њујорк каде заблеска со целиот свој сјај пред фото објективите. Црниот комплет со голи рамена само ја истакна нејзината одлична става.
Единствената замерка може да се им припише на нејзината неоригинална фризура и шминка поради кои неодоливо потсетува на поранешната членка на Х Фактор, Шерил Кол.