Шведски хирурзи со помош на пијавици излечиле жена на која и фалело дел од лицето

popara22 септември, 20111min00
pijavicaexspressese

Жена од Шведска, која била нападната од незиниот пес кој успеал да и одгриза дел од лицето во пределот на горната усна и окото, била итно пренесена во болница. За среќа нејзиното семејство успеало да го пронаде откинатото парче кожа и уредно да го транспортира до болницата. По пристигнувањето во Универзитетската болница во Малме, медицински тим веднаш се припремил за хируршка интервенција.

Најважната работа на тимот хирурзи била повторно да воспостави проток на крв во откинатиот дел од лицето, каде лекарите за кратко време успеале во тоа.

Главниот хирург Д-р Ларсон успеал на жената да и ја поправи усната, дел од носот и образот, а за време на операцијата користел пијавици со кои го вратил протокот на крв во откинатиот дел на лицето.

Пијавиците со своето цицање и течностите кои ги користат за да не се згрутчи крвта успеале да спроведат циркулација во ткивото.

Лекарите биле задоволни со својата работа и исходот од операцијата, а на несреќната жена ќе и бидат потребни уште неколку хируршки интервенции за да се среди комплетно лицето.

Пациентот сега може да дише, јаде и да разговара, изјавил д-р Ларсон.

Иако пијавиците веќе се користат во хирургијата низ целиот свет, ова е првата успешна операција од ваков вид во скандинавскиот регион.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma