Со инјекција бил погубен Трој Дејвис, а постои можност и да е невин?

popara22 септември, 20111min00
19199952894e7ace12124e1935020931_368x276

Трој Дејвис (42) бил погубен со смртоносна инјекција во средата во 23:08 часот по локално време во градот Џексон во американската држава Флорида, објавил АБЦ. Тој бил осуден за убиство на полицаец. Ноќта пред извршувањето на смртната казна, пред затворот се собрале стотици луѓе кои се молеле за Дејвис. Според изјава на сведоци, Дејвис непосредно пред неговата смрт, се заколнал дека е невин. Наводно, тој рекол “оние кои сакаат да ми го земат животот, Господ нека ги благослови”.
Дејвис бил осуден на смрт поради убиство на полицискиот службеник Марк МекФила (27) во 1989 година. Клучен сведок на настанот бил пријател на Дејвис кој исто така бил на местото на убиството.

Процесот започнал во 1991 година. И од самиот почеток, е следен со бројни протести.

Дејвис бил осуден, иако не било пронајдено оружјето со кој бил убиен полицаецот, а не биле пронајдени ни конкретни ДНК траги. Покрај тоа, седум на девет сведоци ги повлекле своите први искази.

Трој Дејвис цели 20 години се борел за неговиот живот. Извршувањето на смртоната казна веќе било закажано во 2007 година, потоа се одложило и било презакажано во 2008, каде судот повторно го презакажал за 2009 година и побарал повторно случајот да се разгледа. Се претпоставува дека полицијата влијаела врз сведоците кои морале да сведочат против Дејвис. Сепак 2010 година, судот повторно пресудил смртната казна.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma