Чешкиот министер Мирослав Калоусек изјавил дека при излегување од Парламентот бил вербално нападнат од страна на еден млад човек.
Момчето беше старо колку и мојот син. Навредите беа толку груби, што помислив зошто да не му удрам неколку шлаканици. Откако го удрив, наврдите на момчето станаа погруби, па му удрив уште неколку, изјавил министерот Мирослав Калоусек.
До новинарите веста за инцидентот стигнала благодарение на пратениците од владејачката коалиција, кои потврдиле дека Калоусек физички го нападнал 22-годишно момче, бидејќи револтирано викало дека министерот за финансии е крадец кој еден ден ќе виси на јаже.
Министерот не гледал ништо лошо во тоа што “исшамарал” момче кои го вреѓало.
“Тоа нема никаква врска со функцијата во владата. Јас само си одев по улица, и едно дрско момче ме извреѓа, а јас му удрив неколку шлаканици. Јас повторно би го направил истото”, изјавил Калоусек пред новинарите.
Ваквото однесување, сепак, го критикувал премиерот Петр Нечас. На прес-конференцијата во која тој изјавил дека Владата го усвоила буџетот за следната година, премиерот изјавил дека Калоусек е во игра за министер за финансии на годината, но сигурно не би можел да влезе во конкуренција за педагок на годината.