Загревање пред брак?
Пејачот Никола Сариќ – Сајко и неговата девојка, кореграфката Милица Церовиќ, започнаа заеднички живот. Сајко и Милица пред помалку од месец дена изнајмиле двособен стан во центарот на Белград. По две и пол години врска, тие се решија да се обидат да живеат заедно и да видат како сето тоа ќе функционира под ист покрив.
-Веќе долго време планираа да почнат да живеат заедно, но дури сега дојде време за реализација. Иако двајцата тврдат дека сеуште не планираат да застанат на лудиот камен, оваа одлука многу кажува. Е сега, ќе видиме до кога ќе издржат.
-Но, тие веќе многу добро се познаваат, така што животот заедно нема што да промени во нивниот случај, вели нивниот пријател.
Сајко немаше нема дадено никаква изјава по ова прашање, можеби бил зафатен околу подготвување на ручекот…којзнае!