Според Гинисовата книга на рекорди, најмладиот универзитетски професор на светот е Алиа Сабур од Њујорк, САД.
Сабур стана редовен професор по математика на универзитетот Конкук во Сеул, Јужна Кореа на 19 февруари 2008 година, кога таа имаше само 18 години и 362 дена.
Сабур е навистина фасцинантна личност. Таа го напуштила основното образование кога имала 10 години и била примена на државен факултет, каде дипломирала на 14 години со сите почести. Таа исто така добила црн појас во таиквондо на 9 години.
One comment
dejvid
23 септември, 2011 at 20:02
jaki ste popara prodolzete taka