Џастин Бибер и неговата девојка Селена Гомез биле фотографирани со шест мали деца, а подоцна фотографиите се објавени на интернет наречени “Бранџолина 2.0”. Со овие фотографии тиа се обидуваат да се пошегуваат на сметка на Бред Пит и Анџелина Џоли и нивните шест деца.
Малдиот пејач очигледно често се замислува во улога на татко, дури и неодамна изјави дека би сакал да оформи семејство до 26 години. Што за ова мисли неговата девојка сеуште не е познато.
Пејачот не открива чии се децата на фотографиите, но се чини дека тој и Селена биле одлични дадилки, бидејќи сите шест деца делуваат прилично задоволни.