Зашто некои луѓе се дебели и покрај диети и вежбање?

popara23 септември, 20111min00
dieta

Постепено здебелување

Жртви на постепено здебелување најчесто се личности постари од 30 години. Всушност, по 30 години метаболизмот забавува до пет проценти по деценија. Значи, во 35 години телото дневно согорува 100 калории на ден помалку, а во 45 години 200 калории помалку, што е доволно за годишно да се здебелите од 3 до 5 килограми.

Совет: освен зголемените физички активности, потребно е да работите на мускулната маса која ќе го забрза метаболизмот. За зголемување на мускулната маса редовно правете склекови.

Во форма, а сепак дебели

Оваа дебелина може да биде последица од погрешниот начин на вежбање. Всушност, ако не ја смените рутината, вашето тело би можело да се прилагоди многу брзо, што значи за успешно трошење на калориите и мастите драстично опаѓа.

Совет: клучот за решавање на овој проблем е воведување на нови вежби и комбинирање на стариот начин на вежбање.

Масните наслаги на бутовите и колковите

Причината за овој начин на здебелување може да биде липодема односно оток на нозете и колковите, што предизвикува абнормална акумулација на масните клетки во ткивата под кожата и акумулација на течност во масните клетки.

Совет: решение за овој проблем не постои, но до одреден степен може да помогнат посебни завои кој ќе го задржи ткивото и ќе го стимулира лимфниот систем кој ја донесува вишокот вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma