Србија е „преплавена“ од НЛО! Дали може да очекуваме и кај нас?! Внимавајте!

popara23 септември, 20111min00
NLO

Во последниве неколку месеци на различни локации во Србија се забележани дури четири појави на неидинтификувани летечки објекти. На 16 ти септември еден жител на Шабац успеал да сними група на невообичаени летала во округла форма како се движат со изедначена брзина. Според сведокот случката се одвивала околу 19.30 часот, а леталата не испуштале никаков звук.

„Стигнав да ја уклучам камерата и да снимам макар две летала. Прво мислев дека се балони, но сфатив дека  нема шанси да се балони бидејќи тие не летаат толку високо. Авиони сигурно не беа бидејќи објектите беа во округла форма и немаа никакви крила. Навистина немам претстава што би можело тоа да биде. Пријател кој е експерт за летачки објекти вели дека ни тој не видел ништо слично на ова. На снимката не е ниту половина реална одколку што беше во живо“ вели Жика Т. Од Шабац.

На 10 септември пак некаде околу 18 часот во Земун е снимен објект кој потсетува на летечка чинија од типот на оние во холивудските филмови.

„ Снимав со мобилен телефон, но со голо око многу подобро можеше да се види. Ова го гледам веќе трет ден по ред и тоа во исто време. Очигледно дека се работи за неидентификувано летало“, вели жител на Земун кој снимката ја поставил на Јутјуб.

Сличен објект на оној од Шабац снимен и во Нови Сад пред година дена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma