Промени на Фејсбук! Епа ќе мора, кога Гугл плус „им дише во врат“!

popara23 септември, 20111min00
FB promeni

На ф8 Фејсбук конференцијата за програмери, менаџерот Марк Тонкеловитз објавил на официјалниот блог Фејсбук неколку големи промени кои му се случија на Фејсбук Њус  Фед.

Со новите надограби на Њус Фед-от се овозможува на корисниците да бидат информирани за ажурирањата на статусите на нивните пријатели, и тоа на основа од податоците колку дена долго сте биле отсутни. Така на пример ако сте биле отсутни недела дена ќе добиете листа на најдобрите статуси на врвот од Фејсбук страницата кога прв пат ќе се приклучите по отсуството. Ако пак сте биле отсутни само пет минути ќе ги добиете само најновите статуси.

До сега опцијата Њус Фед беше поделена главно во две категории: Топ њус и Рецент њус, прикажувајќи ги статусите во хронолошки распоред. Но луѓето кои ретко го посетуваат ФБ не се интересираат за најновите вести туку најверојатно ги интересираат најинтересните и најангажираните статуси кои биле на социјалната мрежа откако тие последен пат биле приклучени на истата.

„ Сега Њус фед повеќе ќе делува како ваш личен дневник. Не мора да се грижите за тоа дека ќе пропуштите важни работи“, пишува на блогот Тонкеловиц.

„ Сите ваши вести ќе бидат на едно место, а најинтересните случувања ќе се наоѓаат на врвот. Ако не сте го посетувале Фејсбук некое време, првата работа која ќе ја видите при поврзувањето, на врвот ќе бидат фотографии и статуси кои биле објавени додека не сте биле приклучени на мрежата. Тие се означени со син раб во аглите па лесно можете да ги забележите. Ако често го проверувате Фејсбук прво ќе ги видите најновите работи кои се случуваат “.

На новиот Њус фид сега се прикажуваат поголеми фотографиите, кои можете да ги разгледате додека ја вртите страницата.

Една од новите функции на Фејсбук е доста слична со онаа на Твитер. Се работи за мини-фед кој се појавува на врвот од страницата во десниот агол над опцијата за чет. Во овој „тикер“ постојано се прикажува што прават вашите пријатели и што коментираат, или пак што „лајкаат“ и сл.

Како што вели Тонкеловиц „тикерот“ ги прикажува истите работи кои веќе сте ги гледале на Фејсбук, а се внесува само додатен елемент кој ја ослеснува и поедноставува конверзацијата со останатите корисници. Па така сега кога некој пријател ќе „лајкне“ или коментира, во истиот момент ќе можете да му се придружите во конверзацијата, како и на останатите корисници кои учествуваат во истата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag