Откако се појавија голите фотки на Скарлет Јохансон голотијата стана главна тема на сите медиуми. Тоа ги натера новинарите да се навратат на годините наназад за да не потсетат кој се се сликал гол, но за пари.
Eva Mendes
Ева се сликаше топлес за потребите на рекламната кампања на Calvin Klein jeans.
Goldie Hawn
Младата ѕвезда се соблече во бикини покажувајќи го голото тело исцртано со цртежи кои ја промовираа телевизиската серија “Laugh In” во 1968 година.
Anne Bancroft
Таа се сликаше гола, прекривајќи ги интимните делови со еден голем шешир. Оваа слика е направена во 1955 година.
Scarlett Johansson
Срамежливата актерка одеднаш се соблече гола за потребите на магазинот Vanity Fair во 2007 година.
Kim Novack
Актерката се соблече, но го задскри своето голо тело позади кристалните украси во 1954 година.
Victoria Beckham
Викторија се соблече за Армани, во 2009 година таа беше заштитно лице на овој бренд за долна облека.
Grace Jones
Ексцентричната пејачка, модел и актерка се појави на пистата во црн фустан кој откриваше многу повеќе отколку што покриваше.
Russell Brand
Сопругот на Кети Пери се соблече и по гаќи прошета по улиците на Менхетен во 2010 година. Но, ова не го направи по своја иницијатива, тоа беше заради потребите на филмот “Arthur”.
Pamela Anderson
Поранешната “спасувачка” се соблече во 2010 година за PETA, здржението за заштита на животните.
Britney Spears
Таа се соблече гола во текот на нејзината бременост за насловната страна на Јапонското издание на Bazaar во 2006 година.