Италијански политичар, и геј активист кој е исто така член на здружението “Ekvaliti Italia , Аурелио Манкусо најавил дека ќе ги објави имињата на политичарите кои се хомосексуалци, а во јавноста се познати како хомофоби!
“Иако 23 септември е првиот ден на есента, Италија нема да биде разнишана од ладниот бран кој ја зафатил, туку италијанските политичари и јавни личности ќе треперат, поради медиумите кои ќе ги добијат првите десет имиња од стоте политичари и јавни личности кои се хомосексуалци, пишува еден италијански медиум кој со нетрпение ги очекува имињата на политичарите.
Манкусо изјавил дека денес ќе ги објави имињата на оние политичари кои се против правата на ЛГБТ лицата, а во приватниот живот се хомосексуалци.
“Првите десет имиња, кои ќе ги објавиме се само почеток. Во наредните неколку месеци, ќе следат нови имиња. Имаме повеќе од десетина имиња на политичари на високи позиции, луѓе од светот на забавата е телевизија, за кои знаеме, и можеме да докажме дека се хомосексуалци”, изјавил Манкусо за Нано прес.