На интернет се појавила снимка која ја шокирала јавноста во Нигерија, а на нејзе се гледало како девојка која била силувана од страна на повеќе момчиња. На снимката исто така се гледало како таа ги моли силувачите да ја убијат. Се претпоставува дека жртвата неколку пати била силувана во домот на Универзитетот Абиа. Девојката наводно била киднапирана и чувана во една од собите на домот.
Девојката целосно скршена во еден момент извикала “Ве молам да ме убиете”, на што силувачите дрско се смееле.
Снимката со ужасното силување прво кружела во кругот на домот, а подоцна се појавила и на интернет, но за кратко време била отстранета. Снимката стигнала и до младиот министер во владата на Нигерија, Болаји Абдулахи, кој ја повикал полицијата темелно да го истражи овој случај.
Активистите, кои се борат за човекови права, велат дека жртвата сега е многу поранлива, и се плашат дека нејзините силувачи ќе и се одмаздат, пишува Daily Mail.