Сине, време е да се иселиш! Ако не, полиција ти викам!!!

popara23 септември, 20111min00
treba da se selis

Во ред, разбираме дека родителите треба да се грижат за своите деца, ама што е многу, многу е. На своја кожа тоа го почувствувале брачен пар од Италија, кои морале да викнат полиција за да го иселат својот 41 годишен син од нивниот дом.

Всушност, двојката најмила адвокат за да им помогне да го иселат нивниот син од дома, бидејќи им се смачило да готват и чистат по него. Откако адвокатот го поднел барањето на родителите, италијанската полиција му испратила писмо на синот со ултиматум да се исели во рок од десет дена, во спротивно ќе биде обвинет и изнесен пред суд.

Родителите на „малиот“ велат дека тој одбива да се исели од нивниот дом, иако работи и има добра плата. Тие тврдат дека нивниот син инсистира да се грижат за него како за мало дете, односно тие се приморани да му готват по три оброци на ден, да му ја чистат собата и да му ги перат и пеглаат алиштата. Е тоа ти се вика нашол па зашол!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma