Саркози ќе има „нинџа“ за противкандидат на наредните избори?

popara23 септември, 20111min00
Israel Gaza Strip Food Aid

На наредните изботи претседателот на Франција Никола Саркози ќе мора да се соочи со жена, и тоа не било која, туку една од „нинџите“ на кои тој им забрани да носат бурка.

Кенза Дридер е една од првите жени кои беа уапсени во Франција откако беше ставена во сила забраната за носење на бурка која им го покрива целото лице и тело на жените муслиманки.

Дридер, која е 32 годишна мајка на 4 деца, објави дека ќе се кандидира за претседател на Франција, но дека нема намера да ја симне бурката. Таа ја објави својата кандидатура откако присуствуваше на сослушувањето на уште две жени кои беа уапсени и парично казнети бидејќи носеле бурка.

„Се кандидирам за претседател за да ја намалам омразата кон муслиманите која се прошири во Франција“, изјавила Дридер која носи бурка веќе 13 години.

Иако шансите да победи на претседателските избори не се многу големи, сепак Дридер не треба предвремено да биде елиминирана како потенцијален претседател, бидејќи зад нејзината кандидатура ќе застанат многу влијателни происламски групи, како и неколку влијателни милионери.

Откако беше донесена забраната за носење бурка, во Франција се разгореа жестоки дебати, а исто така се случија и неколку инциденти во кои мораше да се вмеша и полицијата. Па ако црнец можеше да стане претседател на САД, зошто да не може жена муслиманка да стане претседател на Франција?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma