Актерката Кејт Винслет има причина да биде задоволна и од приватниот и од професионалниот живот. Имено, откако се вратила од Лос Анџелес, каде ја доби првата „Еми“, актерката беше пречекана на аеродромот Хитру од нејзиниот нов избраник.
Британските медиуми на широко се распишуваа за новата љубов на Кејт Винслет, 33-годишниот внук на британскиот богаташ Ричард Брансон, инаку сопственик на музичката издавачка куќа „Virgin Records“.
Кејт (36) и Нед Рокенрол се запознале ова лето на островот Некер во вилата на Брансон која подоцна беше уништена од пожар.
Актерката во тоа време, се одморала со децата, а Нед заздравувал од пропаѓањето на 2-годишниот брак со 23-годишната Елиза Кодри, припадничка на едно англиско аристократско семејство. Тој сеуште го нема официјално добиено разводот.
По летувањето, тие двајца се дружеле и во Њујорк. Заљубената Кејт не сакала да коментира било што за новиот дечко во Лос Анџелес.
Откако Нед ја пречекал во Лондон, парот заминал на заеднички одмор далеку од љубопитните медиуми и папараци.