Хали Бери во гипс! Се бара дублерка…

popara23 септември, 20111min00
v218509p0

Оскаровката Хали Бери си ја повреди ногата додека се релаксираше во Шпанија. Продуцентите на нејзиниот нов филм „Cloud Atlasво неволја. Во болницата во Шпанија ѝ ја ставиле ногата во гипс.

Најпрво, се смрзнувала во Шкотска каде го снимала првиот дел од филмот, а потоа друг малер – си ја повредила ногата додека се релаксирала од снимањето кадри за новиот филм. Шетајќи се низ Мајорка, Хали незгодно паднала и завршила со гипс на ногата.

Несреќата го пореметила текот на снимањето, но продуцентите решиле да продолжат и покрај повредата. Идејата е: на оние делови од филмот каде што се гледа ногата да најмат дублерка.

–          Продуцентите ќе продолжат по предвидениот распоред на снимање, – пишува во соопштението на Ворнер браќата.

Инаку, филмот „Cloud Atlas“ е адаптација на романот напишан од Дејвид Мичел кој ги следи животите на луѓето кои живееле од 19-тиот век до постапокалиптичната иднина и тоа низ шест различни животни приказни.

http://www.youtube.com/watch?v=bgALzI4mZI8&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma