Трансферот кој не изгледаше дека е можен, станува реалност?

popara24 септември, 20111min00
Los Angeles Lakers at Denver Nuggets.

Славниот италијански кошаркарски клуб, Виртус од Болоња, спремен е на Коби Брајант да му понуди едногодишен договор, со опција на прекинување во моментот на завршување на штрајкот во НБА лигата.

За „Associated Press” таа информација ја потврдил Масимо Фараони, генералниот менаџер на клубот од Болоња, додавајќи дека на видео конференција ги поврзал: претседателот на клубот Клаудио Сабатини, агентот на Брајант- Роб Пелинк и водечките луѓе на компанијата Солар, клупскиот спонзор чие име клубот го имаше минатата година, и чии финансии треба да бидат клучни при аквизицијата.

Медиумите претпоставуваат дека се работи за годишна плата од 6,7 милиони долари.

Виртус на Брајант му понудиле четири опции за договор: едногодишен договор, едномесечен договор, двомесечен договор, или плаќање по секој одигран натпревар. Минатата недела во италијанските медиуми се појавија информации дека Коби ќе биде платен 739.640 долари за секој одигран натпревар на домашен терен.

Претседателот Клаудио Сабатини во петокот потврдил за „Sky Sport 24” дека Брајант исклучиво сака едногодишен договор, и дека сега на клубот му преостанува да собере пари.

Сабатини исто така потврдил дека очекува одговор од Лучијано Капичони, менаџерот на ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Емануел Џинобили, кој настапуваше за овој тим во 2001 и стана европски шампион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma