Вчера попладне околу 15 часот КФОР контигентот на КФОР кој се наоѓа во базата кај Јариње се обидел со помош на булдожер да ја пробие барикадата која била поставена од Србите на патот кон граничниот премин. Булдожерот бил доведен од базата на КФОР и бил придружуван од десетици силно вооружени војници. Војниците носеле и шок бомби.
Србите од северниот дел на Косово одговориле на тој начин што седнале на барикадите и на војниците на КФОР им рекле дека слободно можат да газат преку нив.
Ситуацијата на северниот дел на Косово е исклучително напната, а војниците на КФОР вчера околу 16 часот го повлекле булдожерот заедно со своите војници. Србите се уште се на своите позиции.