Пронашол богатство собирајќи метален отпад

popara24 септември, 20111min00
pronasol bogatstvo sobirajki metalen otpad

Четириесет и две годишниот Бугарин кој останал без работа и кој едвај спојувал крај со крај, собирајќи метален отпад, ископал вистинско богатство вредно 1,4 милиони евра.

Човекот во северниот дел од градот Свиштов во Бугарија, пронашол седум парчиња накит, шест златници и две секири од бронзената ера. „Случајниот археолог “ најпрво тајно го чувал пронајденото богатство, но по сослушувањето со полицијата тој морал да го предаде. Според бугарските закони, сопственик на археолошки артефакти е државата.

„Ова откритие значително ги зголемува нашите сознанија за бронзената ера“, изјавила Павлина Владкова, археолог во регионалниот музеј на провинцијата Велико Трново.

„Во тој период, златото, среброто и бакарот веќе биле познати, но употребата ба бронзата го овозможила производството на алати“ – објаснила таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma