Чекајќи го правиот пожар, пожарникари во Калифорнија се нашле во прав оган и тоа во нивното возило за гасење пожар.
Калифониските пожарникари од Лос Анџелес се под истрага за наводно учество во снимање на порно филм додека биле на должност. Имено пожарникарите ги прифатиле молбите на продуцентот на порно филмот да се снима една порно сцена во нивното возило за итни ситуации. Главниот јунак во порно филмот, порноглумицата позирала во возилото, се соблекувала и ги повикувала на „грев“ збунетите пожарникари.
Внатрешната контрола констатирала голем број на недоследности во активностите кои ги вршеле пожарникарите од тој оддел, за нив следува дисциплинска постапка и најверојатно тие ќе бидат казнети.
Градоначалникот на Лос Анџелес однесување на пожарникарите го карактеризираше како неприфатлив акт на неколку непрофесионалци.