За оние кои се плашат од змии, Ви препорачуваме да преминете на наредната статија. Ви ја претставуваме најголемата змија на светот, која му припаѓа на видот питон и е тешка неверојатни 136 килограми.
Питонот се вика Медуза, долг е 8 метри и потребни се 15 луѓе за да го кренат. Според Гинисовата книга на рекорди, станува збор за најголемата змија која живее во заробеништво.
Медуза има седум години, што значи дека во иднина уште ќе расте. Верувале или не, оваа змија јаде дури 18 килограми месо неделно. Во моментот Медуза е дел од атракцијата „Куќата на стравот“ во Канзас Сити, САД.
Тренерот на најголемата змија на светот Лери Елгар вели дека воопшто не се плаши од Медуза, иако знае дека може да проголта дури и човек. Лери вели дека Медуза е негово милениче и дека се надева дека уште ќе расте.
„Стравот од змии всушност е недостаток на разбирање. Јас не се плашам од Медуза, иако сум свесен дека може да ме убие. Секогаш и приоѓам со внимание и почитување“, вели Лери.
Досегашниот рекорд за најголема змија во заробеништво му припаѓаше на питонот Флафи, кој минатата година почина во зоолошката градина во Охајо, САД.
Погледнете го видеото од Медуза, иако ве предупредуваме дека можеби потоа ќе имате кошмари :)))