Најдобриот тенисер на светот Новак Џоковиќ потпиша нов спонзорски договор, овој пат за нов бренд амбасадор на германската автомобилска компанија Мерцедес.
„Навистина ми е задоволство што ќе бидам бренд амбасадор на водечка светска автомобилска компанија. Ќе се потрудам оваа соработка да ја искористам за што повеќе хуманитарни акции на национално и меѓународно ниво“, изјавил Ноле на конференцијата за новинари.
Претставникот на Мерцедес Андреас Биндер изјави дека Србија треба да се гордее што има спортист од таков ранг.
„Новак го издигна тенисот на повисоко ниво. Тој е еден од водечките спортисти во светот“, изјавил Биндер и додал дека Ноле ќе биде совршен амбасадор кој ќе испише уште многу страници на тениската историја.
„Новак со својот карактер и извонредните спортски достигнувања го освои срцено на милиони луѓе ширум светот“, додал Биндер.
Како официјален бренд амбасадор, Ноле на поклон ќе добие и нов Мерцедес, па останува да видиме каква моќна машина ќе вози најдобриот тенисер на светот.