Случајот Зоран Чопиќ, односно истражувањето на неговиот бизнис и соработката со Дарко Шариќ откри многу тајни поврзани со кој друг ако не со Ната.
Додека Наташа била во брак со Дача, таа била во интимна врска и со Зоран Чопиќ, или познат во јавноста како Чопа. Тој инаку е обвинет за перење пари.
Доказ дека тие биле во интимна врска се и аудио снимките на нивните разговори кои се во полиција.
Тие оделе на патување во Црна Гора, Грција… и поминувале доста време заедно.
Чопа вложил 80.000 евра во Ната?
Блиски извори на Зоран тврдат дека во времето кога тие се забавувале тој вложил 80.000 евра во Ната. Таа парите ги искористила за својата кариера. До ден денес парите не му се вратени на Зоран.
Адвокатот на Ната пак вели дека Ната и Зоран биле само соработници, и немало никаква врска. Интересно е тоа што адвокат на Ната е поранешниот адвокат на Данило, кој го застапуваше при бракоразводната постапка.