Полицијата во Вроцлав се нашла на вистинска мака дали да ја казни можеби најстарата одгледувачка на марихуана во Полска која тоа го правела бидејќи канапот многу им се допаднал на нејзините кокошки.
Полициската патрола во Вроцлав, југозападна Полска, вчера претпладне фатила неколку полнолетни дечки кои пушеле марихуана и се израдувале дека конечно де го фатат главниот дилер во околината.
– Ја набрав во една бавча во близина, – објаснил еден од дечките на прашањето каде ја набавил марихуаната, па ги одвел и на дотичното место.
Полицијата во бавчата нашла 17 големи стебла марихуана, од кои највисокото било високо 270 сантиметри, потоа неколку кокошки и старица на 77-годишна возраст, која на драга волја им одговорила дека го одгледува тоа растение бидејќи им годи на нејзините кокошки.
Полицијата сеуште нема одлучено дали против старицата ќе биде поднесена кривична пријава за одгледување на марихуана, но во секој случај, стеблата марихуана ќе бидат уништени.