5 дена живее на дрво за да го спаси од сечење:) е ова е ,,зелен,, фанатик:)))

popara25 септември, 20111min00
vec-pet-dana-zivio-na-drvetu-kako-bi-ga-spasio-od-rusenja-504x335-20110938-20110924105827-269b7fa9b075d28b1a1cc495a51b6202

Британецот Марк Сноу (36) веќе 5 дена живее на крошната на една  бука која е стара 100 години, а се со цел да спречи сечење на старото дрво, пишува Daily Mail. Еден час пред да биде исечено дрвото, Марк се искачил на 17 метри високата бука која се наоѓа во селото Иртон во северн Јоркшир. Селаните му помагаат во одбрана на природата и секој ден му носат храна.
Јас не сум никаков борец за екологија. Јас сум локален трговец кој се бори за она што е исправно. Не можев само да седам и да дозволам дрвото да биде исечено. Ќе останам на дрвото се додека е потребно, изјавил Марк во четвртокот.

Барање за сечење на дрвото било поднесено уште во 2006 година кога локален брачен пар изградило куќа во негова близина, а подоцна добиле дозвола за градење на уште четири куќи. Исто така напоменале дека претставува опасност за сообраќајот во негова близина.

Околу 200 локални жители поднеле петиција за заштита на дрвото, а биле подржани и од некои локални општински лидери.

Советникот Дејвид Паркер, кој е против сечење на дрвото, бдеел заедно со Марк на подножјето на дрвото.

– Има премногу емоции во селото, и мислам дека дојде време да станеме и да се избориме за нашето право, изјавил Паркер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma