Некои луѓе навистина немаат што да прават. Пример за тоа е групата „Flaming Lips“, која сними песна која трае шест часа. Барем е за добротворни цели – проектот е наменет за да му помогне на еден универзитет во Оклахома, САД.
Идејата на бендот е да му помогне на универзитетот кој се соочува со финансиски проблеми. Бендот им овозможил на сите оние кои сакаат нивното име да се најде во песната да донираат по 100 долари во фондот на универзитетот.
Знаеме дека е сурово да побараме од Вас да седите покрај вашиот комјутер шест часа, затоа Ви го прикажуваме ова неколкуминутно видео од сминањето на рекордерската песна. За оние кои сакаат да ја ислушаат целосната верзија, Ве информираме дека наскоро ќе биде достапна на интернет страниците, па слободно ќе може да си ја симнете.
Погледнете го видеото: