Бабичка (77) дошла во автосалон во градот Аполд во германската покраина Тирингија за да си купи нов автомобил. На продавачот му рекла дека долго време не возела и дека сега сака да си купи автомобил со “автоматски” менувач, поради кој изминатите денови земала додатни часови во авто школа. Продавачот и понудил на бабичката да седне во автомобилот и да го испроба. Веднаш по стартот изгубила контрола врз возилото и изгребала еден автомобил кој бил во непосредна близина, потоа успеала да искрши неколку саксии со цвеќе и прелетала во изложбениот салон каде оштетила уште неколку автомобили, на крајот успеала да го искрши и изложбеното стакло на автосалонот. За среќа никој не бил повреден. Штетата била проценета и изнесувала околу 100.000 евра, пишува MZ-web.de.