Не, овој пат не зборуваше за својот приватен живот, туку во врска со работата и несакајќи му се испушти дека филмот „Неславни копилиња“ наскоро ќе доживее продолжение.
Иако холивудските филмски списанија пишуваа дека Квентин Тарантино подготвува продолжение на филмскиот хит „Неславни копилиња“, за тоа немаше официјална потврда, сè додека Бред Пит не заборави да си ја чува устата затворена.
– Тарантино зборуваше за продолжение, но тој секогаш истовремено прави повеќе работи… Не знам кога ќе започне снимањето, но сигурно ќе го има, – изјавил Бред.
И самиот Тарантино, пред премиерата на филмот, напомена дека ќе се работи на продолжение, само ако филмот постигне голем успех, а тоа и се случи.
Сега, сите чекаме да почне и официјалното снимање за филмот кој ги доби срцата на многу зависници од филмови, а и на оние помалку заразените.
Трејлерот на првиот филм изгледаше вака:
http://www.youtube.com/watch?v=dOMKloOEKcU&feature=player_embedded