Татко ми, почна да ме силува уште кога носев училишна торба!

popara26 септември, 20111min00
4951

“Имав само 11 години…првпат ме силуваше на подот… Тогаш ја загубив својата невиност… Вриштев, го молев, “Немој, татичко, те молам немој…” Тој ми се закани дека ќе ми ги убие браќата и сестрите, ако продолжам да се опирам…“

“Кога повеќе не можев да издржам, еден ден со училишната торба на грбот после училиште отидов во полиција и молев да ме спасат од татко ми!” – ја започнува својата приказната Јулка Митровиќ (49 години) од Големо Село.

Приказната за својот тежок живот Јулка  ја раскажува доста смирено, обидувајќи се да се направи шега на својот живот, но нервозните раце ја издаваат.

– Кога го пријавив во полиција, ме сместија во Звечан. Се сеќавам, дека дојде мајка ми со голем сладолед и ме молеше да кажам дека сé сум измислила. Таа ми рече дека моите браќа и сестри ќе немаат што да јадат ако го испратам во затвор…а, јас се согласив – продолжува Јулка, со солзи во очите.

По враќањето дома, разбеснетиот и избезумениот татко ја однел во колиба во шумата, а таму ја силувал до бесвест и ја претепал.

– Со себе зеде шише ракија и ми кажа дека ќе живеам се додека шишето не се испразни. Моето вриштење случајно го слушнал сосед кој одел по дрва во шумата… Од тој ден постојано бев во бегство, како скитниците… Отидов повторно во полицијата…како мала верував дека само полицијата може да ми помогне… Се сеќавам на инспекторот Ана …ништо не ми веруваше. Неколку пати помислував да скокнам низ прозорецот од “дваесет катница” и да завршам со сé… Ништо не ми веруваа и постојано ме враќаа кај татко ми… Еднаш кога беше лут, ми ги врза нозете и рацете, ме соблече гола, ми ја избрича косата и почна да ме тепа…… Крв се слеваше по моето тело и тоа траеше, се до одреден момент кога јас повеќе не ја чувствував болката… Тој беше животно, а не човек, тој беше чудовиште – раскажува Јулја, ниту еднаш не изговарајќи го неговото име.

– Тој нема име … Со кое име да го наречам. Овие луѓе се безимени, не заслужува да имаат име. Затворот е за луѓе, но тој не припаѓа во “луѓето“… – продолжува Јулка.

Со 14 години успеала да избега од својот татко, но истата страшна судбината повторно ја пронашла.

– Се сеќавам на татко ми, кога ме бркаше низ пченката во Батајница за да ме малтретира и сексуално да се изживува врз мене, по не знам кој пат. Бегав со денови, скитав со денови, станав дете од улица… Ваква единствено ме сакаа Ромите, така што се омажив со еден. Првиот син го родив на 15 години – продолжува Јулка.

За жал, во нејзиниот живот се преселил нов силеџија, кој бил љубоморен на својата сопруга, која и до ден денешен е убава, и ја “убивал“ од тепање…ништо не работел единствено што “правел било бебе по бебе“.

– Родив три деца, а имам абортирано околу 50 пати, бидејќи не сакам да имам деца кои што нема да можам да ги прехранам. Не би можела сите да ги нахранам од тоа што го собирам од депонијата. Избегав од него во 1990 година и се омажив со возач на булдожер на депонијата, со цел да се спасам. Но, и тој ме тепаше додека можеше, се додека не се разболе. Навикната сум јас на тепање – се шегува на своја сметка Јулка.

Веста за смртта на нејзиниот татко ја видела во 1997 година, во дневен весник.

– Бил пронајден мртов на железничката станица… Очигледно се самоуби пукајќи си во главата. Ми беше мило што е мртов, мене ми олесна во некоја смисла… Но, бев изненадена од лесната смрт…очекував повеќе… Се надевав дека ќе умре од некоја ужасна смрт, дека тоа ќе трае со месеци и дека ќе умира со најголема болка… Со години се молев во себе, ” дај Боже да ги почувствува сите мои болки” …очекував…но, мојата болка не се врати – завршува Јулка, гласно прашувајќи се дали постои рајот и пеколот….и тогаш веќе и потекуваат солзи по нејзиното лице.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag