Јапонски научници направиле симулатор наречен Mommy Tummy, кој на идните татковци треба да им го доближи искуството на бременоста телесните промени и ударите на нероденото бебе.
Во бременоста жените доживуваат големи промени, а највоочлива е онаа со килограмите, кога жените се здебелуваат, но ги доживуваат и најубавите моменти односно движењата на бебето во утробата.
Јапонските научници сакале сето тоа да го доближат и до идните татковци.
Mommy Tummy 8.0 е симулатор кој искуството на бременост го пренесува за само неколку минути. Идниот татко облекува посебна јакна, во која се пушта топла вода.
Оваа неoбична иновација им помага на идните татковци да сфатат колку бременоста можа да биде тешка. Научниците се надеваат дека по ова мажите ќе имаат повеќе разбирање за жените и ќе развијат појака врска со новороденчето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=uqYaOmeXy98