Ако можете да дозволите малку поскап одмор, тогаш одлучете се за Малта. Сместена е во водите во водите меѓу Европа и Африка, меѓу Магреб и Левант. Уште од воздух, при слетувањето ќе имате впечаток дека сте го одбрале вистинското место за одмор. Малту, најголемиот остров во Малта, познат им е на туристите по нуркањето, сурфањето и изнајмувањето јахти.
За оние кои ја сакаат културата, историјата и традицијата, овој остров е вистинска ризница. На секој агол можете да видите некој културолошки историски споменик, па не е ни чудно што некои Малта ја нарекуваат музеј на отворено.
Зимите се благи, па така туристите доаѓаат во текот на целата година, а во екот на сезоната е дури и пренатрупано. Забележливо е дека сите градби се слични и бојадисани во окер боја.