Во книгата авторот Малком Бранер ја опишал неговата девет месечна авантура со делфинот Руби, кого го сретнал во забавен парк на Флорида, 70-те години од минатиот век. Тој стоел покрај базенот и ја фотографирал, додал дека Руби прва му се додворувала.
– Таа играше за мене. Ми се умилкуваше. Триеше со забите. Знаев дека се вљубила во мене, ја опишал првата средбата со Руби.
Тој додал дека има нешто еротско во “триењето со забите”.
– Делфинот иницираше секс. Руби беше во изолација, и таа ме искористи мене за да си ги задоволи своите потреби, изјавил Бренер.
Тие “раскинале” по девет месеци, зошто Бренер морал да студира во друг град. За кратко време по нивната разделба Руби починала.
– Пет години бев во депресија откако дознав дека умрела. Ова се животни кои треба да им посветиш 24 часа во денот ако си во врска со нив. Ако некој планира да има љубовна врска со делфин, прво мора да смисли стратегија како да излезе од таа врска, а делфинот да не биде емотивно повреден, изјавил Бренер.