Војниците на американскиот контингент на КФОР, утрово ги растерале Србите кои се наоѓале на барикадите на патот кој води од Јариње кон Србија, известува агенцијата Бета, додавајќи дека војниците на КФОР биле брутални, фрлиле солзавец и ги врзувале лицата кои се наоѓале на баркадите.
Еден од локалните жители бил повреден и пренесен во болница во Рашка, а четворица биле уапсени и ослободени, од КФОР најавиле дека секој кој ќе се приближи до бодликавата ограда ќе биде уапсен.
Патишта се уште се блокирани, а ситуацијата е многу напната, известува Бета. Минатата ноќ на другите барикади во северниот дел на Косово било мирно.
Сепак, Србите повторно успеале за кратко време да направат нова барикада и да го попречат сообраќајот на патот према Јариње.