Експертите откриваат дека луѓето кои пијат по две чаши вино неделно имаат помал ризик од заболување од астма.
Научниците во болница во Копенхаген направиле анализа на 40.000 луѓе на возраст од 12 до 41 година. Откриле дека повеќе од 6% од оние кои ретко пијат алкохол во тој период, страдаат од астма., а 4,5% од заболените ги сочинуваат оние кои пијат прекумерно.
Кај оние кои неделно внесуваат четири чаши вино или пиво ризикот е помал. Помалку од 4% од испитаниците се заболени од астма.
-Прекумерното консумирање на алкохол може да предизвика здравствени проблеми. Нашите податоци покажуваат дека умереното консумирање на алкохол навистина го намалува ризикот од развој на астма. Со анализата на сите фактори поврзани за развојот на астмата, научивме многу за тоа што е причината за ваквата состојба и како да се спречи – вели Софи Либерот која резулататите од истражувањето ги претставила во Амстердам.
Ефектот на алкохолот брз астмата, научниците го проучувале и порано, но добиени се различни резултати. Некои резултати покажале дека алкохолот има корисни ефекти на астмата, додека други укажуваат на влошување на симптомите. Меѓутоа, од порано е познато дека умереното консумирање на алкохол може да биде корисно, бидејќи спречува појава на некои болести. Ова истражување е значајно, бидејќи до сега не е спроведено истражување за тоа како алкохолот влијае на развојот на астмата.