Појавата на рускиот премиер Владимир Путин (58) во саботата на состанокот на владејачката партија “Обединета Русија” во Москва, поттикнало многу приказни за неговата најнова трансформација. Поради невообичаеното затегнато лице без брчки, почнале да шират гласини дека Путин легнал под нож пред да се врати на самиот врв. Некои експерти тврдат дека Путин бил подложен на серија козметички зафати, вклучувајќи фејслифтинг, ботокс, подигнување на образите и отстранување на кесите под очите, пишува Daily Mail.
И додека печатените медиуми во Москва успешно ја избегнува оваа тема, интернет порталите на големо пишуваат за “чудниот” изглед на Путин. ” Најдобриот спин доктор на Путин, Дмитриј Песков, изјавил за Daily Mail дека колку што знае, премиерот не подлегнал на ниту една козметичка операција.