Припадниците на КФОР во 13:15 часот пукале од автоматско оружје кон невооружените луѓе кои се наоѓале на барикадите во Јариње, пишува Курир.рс
Според првичните информации кои пристигнале од Лепосавиќ, било потврдено дека пет Српски државјани се повредени, од кои двајца со потешки повреди, додека владините претставници изјавиле дека десет лица биле повредени, а четири со потешки повреди.
Се претпоставува дека околу 1.000 луѓе во Јариње се разбегало по околните шуми. А веќе биле пристигнати и санитетски возила.
Според изјавите на новинарот на Курир.рс, Зоран Шапоњиќ, Јариње било вистинска воена зона кое непрестано било надлетувано со хеликоптери. Припадниците на КФОР биле под целосна воена опрема и оружје, и цело време на нишан ја држеле околната шума каде што се разбегало српското население.