Азијците важат за “најслаба“ раса на луѓе, а многу од тоа се должи на нивните здрави навики на живеење. Сепак, многу од нив се трудат на секаков начин да останат витки, а тоа вклучува и испробување на неконвенционални методи.
Неколку стотици виетнамнци секојдневно се собираат во паркот во центарот на виетнамската престолнина Ханои и вежбаат „смеење“ под водството на нивниот јога инструктор Ле Ан Син кој верува дека со помош на смеењето, луѓето се посреќни и полесно се справуваат со болестите и секојдневните стресови.
Членовите на клубот за јога-смеење секое утро громогласно се смеат околу 45 минути. Тие мавтаат со рацете и плескаат за да се натераат еден со друг што повеќе да се смеат. Комбинацијата на смеење и правилно дишење го потикнуваат лачењето на ендорфин, кој е заслужен за доброто расположение.
Јога-смеењето потекнува од 1995 година, а го основал индискиот лекар Мадан Катари: во моментот постојат повеќе од 6.000 клубови во 60 земји. Па, време е да отвориме еден ваков клуб и кај нас, бидејќи очајно ни е потребен. Дотогаш, еве ви го видеото, па вежбајте си дома сами :)))