Дванаесет преслатки бебиња панди од зоолошката градина во Ченгду прв пат биле претставени јавноста пред неколку дена. Бидејќи пандите денеска се едни од најзагрозените животниски видови, раѓањето на овие дванаесет бебиња панди предизвика огромна радост во зоолошката градина и насекаде во Кина.
Истражувачкиот центар и зоолошката градина во Ченгду работат уште од 1987 година, а тогаш имале само 6 панди, за разлика од денеска каде таму живеат дури 108 панди. Центарот соработува со различни институти во светот за да ги спасува овие животниски видови од истребување.