Најгенијалиот изум во историјата бил прикриен, a благодарение на него луѓето бесплатно би користеле космичка енергија, па така не би трошеле пари на електрична енергија и гориво.
Ова е заклучок на групата физичари кои на интернет го коментирале големиот изум на Тесла, т.н. црна кутија, која служи за примање енергија од космосот. Според нив, модерната квантна механика е приказна која е измислена за да го отргне вниманеито на јавноста од научната вистина.
Се наведува дека Ајнштајн бил научник во служба на светските моќници, кои сакале да го сокријат изумот на Тесла, но исто така, и да спречат други научници да ги следат неговите стапки.
– Не е теорија на заговор, сепак, немаме информации за тоа што се случило со кутијата, и дали воопшто постоела. Факт е дека во 1931 година во Америка бил објавен напис во кој покрај сликата на автомобилот, “pirs erou”, пишувало дека возилото се движи со помош на космичка енергија, која се собирала во т.н црна кутија која ја измислил Тесла, изјавил за Курир.рс, Владимир Јеленковиќ, директор на Музејот, “Никола Тесла”.