Наташа Беквалац изгледа не е така наивна како што изгледа. По разводот со Данило нејзиното име беше поврзувано со многумина. Но, овој пат таа е поврзана со Зоран Чопиќ, човекот кој соработувал со нарко босот Дарко Шариќ.
Заради потребите на случајот полицијата дошла до снимки од телефонски разговор на Ната и Зоран. Овој разговор покажува дека тие биле повеќе од интимни.
Откако медиумите ги обелодениа овие докази, Зоран излезе со демант. Тој призна дека Ната се возела во неговиот приватен авион, но не сакал да зборува за нивната врска.
Инаку Зоран е обвинет за перење пари, и тоа за сума од 14 милиони марки, пари кои Дарко Шариќ ги заработил од продажба на кокаин.