Иако своевремено беа хит и секоја серија која сакаше да постигне успех имаше по еден геј лик, на американците изгледа им здосади од хомосексуалците. Во нареднита сезона во сериите ќе има многу помалку геј и бисексуални улоги, стои во извештајот на организацијата за правата на хомосексуалците GLAAD.
Во документарниот филм „Каде сме ние на телевизија“,GLAAD потенцира дека 2,9 %, односно 19 од 650 холивудски актери кои ќе се појават во телевизиските серии ќе глумат ликови на хомосексуалци, лезбејки или бисексуалци. Споредено со изминатата сезона, кога 3,9%, односно 23 од 600 улоги биле „геј“, тоа претставува значителен пад од 1%.
Најмногу „геј“ улоги има на Фокс телевизија, односно 8 од вкупно 117. Па добро, им помина модата и на „геј“ фаците, па да се надеваме дека светот почнува да се враќа во нормала.