Хилари Даф вчера наполни 24 години. Девојката која освојува со шарм и топлина и на својот роденден доби потврда дека сите ја сакаат. Кога ја дочекале папараците, прво и честитале роденден и и дале букет цвеќе, а потоа ја фотографирале. Таа со насмевка на лицето ги прифатила честитките и цвеќето, а потоа насмеана отишла во непознат правец.
Убавата актерка го чека своето прво дете со сопругот Мајк Комрие. Открива дека често сонува дека добила син, што го смета за необично.