Гвинет Партоу во вторникот го прослави својот роденден во друштво на својот сопруг Крис Мартин и пријателите Џеј Зи и Бијонсе. Друштвото ја помина вечерта во новоотворениот ресторан на шпанка кујна во Њуjорк, иако беа супер расположени не останаа многу, затоа што следниот ден Гвинет требаше да ја носи ќерката на школо.
Покрај за 39тиот роденден на актерката, медиите се потсетија и на нејзината бесмислена изјава, за која ја прогласија за јавна личност со најнавредлива и најбесмислена изјава во последнава година. Со присетувањето ја забавуваа јавноста.
– Јас сум тоа што сум, неможам да се преправам дека сум некој кој заработува по 25 000 долари во годината. Подобро би пушела крек, отколку да јадам сирење од конзерва. Подобро би умрела, отколку да ги хранам своите деца со супа од кесичка, коментираше таа за своите кујнски здрави јадења.