
Поранешните цимери во куќата на Големиот Брат, а сегашни љубовници, се конечно заедно без никакви пречки!!! Маријана екс Чврљак и Немеш го прославија разводот на Маријана во Белград, а за да биде повесело им се придружи и Хорват.

Тие по цел ден се заедно, а навечер се журкаат по белградските ноќни клубови. Нивниот поранешен цимер вели дека супер си поминува со заљубениот пар.

„Супер си поминуваме. Еве сега сме на ручек. За Маријана и Немеш нема да коментирам, само ќе кажам дека на сите ни е супер!“, изјавил Хорват.

Дека навистина добро си поминуваат може да видиме и од сликите, на кои Маријана се смее „од уво до уво“, како што никогаш не се смеела со својот поранешен сопруг!!!
