Кејптаун – ЈАР – британец кој дошол на одмор во Кејптаун бил нападнат од ајкула која му ги одгризала нозете, јавуваат британските медиуми.
Британецот за кого само се претпоставува деа се вика Мајкл Кохен (42), бил нападнат од ајкула на плажата Фиш хук. Британецот наводно бил спасен од случаен минувач, кој заминал пред да се појави полицијата и брзата помош.
„Кога пристигнавме на местото несреќниот човек беше покрај брегот, десната нога му била целосно отсечена до над коленото, додека левата му беше делумно изгризана од страна на предаторот“, изјавил Крег Ламбинон од Националниот институт за спасување. Британецот бил свесен, но болничарите веднаш му дале седативи за ублажување на болките.
Британецот влегол во морето и покрај тоа што плажата била затворена и имало истакнато знаме на кое пишувало дека има опасност од ајкули. Чуварите на плажата забележале ајкули само 90 минути пред нападот, но не успеале да го спречат Британецот да влезе во морето и да си ги ризикува животот.
За време на несреќата само Британецот бил во морето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=jwJhvJ2-lPE