НЛО над Драва?

popara29 септември, 20111min00
1081007.42

Изгледа дека на вонземјаните не им е важна туристичката сезона, па одлучија да не посетат пред крајот на септември. Така барем ни се чини од оваа фотографија.

Според сведочењата и фотографиите нема сомнеж дека се работи за необична појава на небото над Хрватска, но одлуката за тоа дали се работи за вонземјани ќе ја оставиме на нашите читатели.

Тоа што го знаеме е дека на фотографијата е забележан сивкаст, долгнавест објект, кој значајно се разликува од „флеките” кои на небото ги оставаат птиците.

Исто така, според описот на нашиот читател, појавата била уште почудна гледана во живо, бидејќи било очигледно дека не станува збор за авион или некоја друго летало управувано од човек. Според описот, објектот со голема брзина долетал од правец на Унгарија, стоел на тоа место неколку секунди, а потоа изчезнал еднакво изненадно како што и се појавил.

Читателот, кој вели дека и самиот е скептик, тврди дека ова е прва ваква необична појава на која тој бил сведок, но вели дека на местото каде што е направена фотографијата, веќе со години се слушаат приказни за необични светла и таинствени објекти.

Необичната светлост наводно го уплашила локалното население во летото во 2010, а некои од приказните за сличните феномени се стари и по неколку децении.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma